Skip to main content

И Португалија ги забрани мобилните телефони во основно училиште

Во оваа земја забраната ќе важи за учениците од прво до шесто одделение, најави министерот за образование, наука и иновации, Фернандо Александре, наведувајќи ги негативните ефекти од користењето мобилни телефони врз децата.

– Препораката што ја даде Владата е забрана. Она што го правиме оваа година е проучување на исходот од таа препорака за да можеме следната година повторно да ја евалуираме мерката, рече Александре.

Владата дава препорака, а училиштата имаат целосна слобода да одлучат дали ќе ја спроведат.

Повеќе од половина од учениците во петто и шесто одделение поминуваат најмалку четири часа неделно пред екран, покажа истражувањето за благосостојбата и менталното здравје на децата и младите. Александре, исто така, рече дека на семејствата им недостасуваат информации и дека владата ќе обезбеди насоки за тоа како „да се справи со оваа нова технологија која има значително влијание врз образованието на децата“.

Поврзани вести