Skip to main content

Градоначалникот на Москва за враќањето на Рено во Русија: Нема шанси

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, реагира негативно на желбата на францускиот автомобилски концерн Рено да се врати во Русија. Еден ден претходно, извршниот директор на Рено, Лука де Мео, изјави дека не ја исклучува можноста за враќање на неговата компанија на рускиот пазар.

Главните производствени локации на Рено беа лоцирани во Москва, но градоначалникот на главниот град на Русија ги одбива Французите.

Може да се обидат, но тешко дека ќе добијат нешто“, изјави Собјанин за намерата на Де Мео.

Свој став за евентуално враќање на ападните компании во Русија стигнаа и од рускиот вицепремиер, Денис Мантуров и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Русија внимателно ќе го разгледа враќањето на оние кои избегаа од рускиот пазар во 2022 година, изјави Мантуров.

Лавров пак, порача дека Русија правилно одговора на желбата на западните компании да се вратат во повеќе области.

Компаниите што се враќаат од Запад треба да бидат дозволени само во индустрии каде што нема да има ризик за руската економија доколку повторно „станат на погрешната страна од креветот“, нагласи шефот на руското Министерство за надворешни работи.

Поврзани вести