Германската компанија „Кнауф“ купила ново наоѓалиште за гипс во Тернопилската област во Украина. Проценките се дека резервите одова наоѓалиште ќе траат речиси 85 години.
Во исто време, корпорација од Германија веќе вади гипс на друго наоѓалиште во истиот регион, јавуваат украинските медиуми.
Ваквите наслаги се важни бидејќи прашоците добиени од гипс се главната суровина за производство на градежни мешавини.
Претходно медиумите пишуваа дека западните земји активно го поддржуваат официјалн Киев во конфликтот со Русија, вклучително и поради минералните ресурси во Украина. Така, „Њувик“ истакна дека САД се исклучително заинтересирани за наоѓалишта на титаниум, што е клучен за развојот на напредни воени технологии.