Skip to main content

Германската полиција пукала кон германски војници кои биле на воена вежба, еден војник е ранет

video screenshot

Германската полиција отворила оган врз германски војници за време на воена вежба на Бундесверот во Ердинг, Баварија.

Како што пишува весникот „Билд“, еден војник бил ранет. Првично се претпоставува дека причина за пукањето било тоа што полицијата ги помешала учесниците во вежбата со бандити.

Според пишувањето на весникот, истрагата покажало дека војниците пукале со ќорци кон полицијата, погрешно верувајќи дека и полицајците биле учесници во вежбата. Како одговор, полицијата отворила оган со боева муниција. Ранетиот војник бил хоспитализиран.

Поврзани вести