Skip to main content

Германија во шок поради ретките метали: Кина ги остава германските компании со празни раце

xingchen-yan-on-unsplash

Германија е во шок поради ретките елемнти, откако Кина, која ги издаде првите извозни лиценци, ги остави германските компании сосема со празни раце.

Германија не добила ниту една од првите извозни лиценци од Кина за ретки елементи и чипови, бидејќи Кина ги зајакнува своите трговски врски со САД.

По таквата кинеска одлука, германскиот министер за надворешни работи признава дека треба да се направи значителна работа за да се убеди официјален Пекинг да го промени курсот. Контролите на извозот на Кина за 17 клучни минерали веќе предизвикаа месеци прекини вогерманската индустрија и ја покажуваат растечката зависност на Германија.

Свое влијание во кинеската одлука има и тоа што официјален Берлин се обидува да воспостави построг став кон Кина во согласност со ЕУ, но реалноста открива драматична промена во рамнотежата на моќта. Експертите предупредуваат дека Европа ќе го изгуби својот економски суверенитет ако официјален Пекинг продолжи да доминира во клучните синџири на снабдување.

Поврзани вести