Skip to main content

Германија ќе ги подобри своите капацитети за справување со заканата од нелегални летови со дронови

Фото: Freepik

Германија ќе ги подобри своите капацитети за справување со заканата од нелегални летови со дронови, објави ДПА, повикувајќи се на изјавата на министерот за внатрешни работи Александар Добринт по неколкудневната паника во Северна Европа.

„Мојата цел е да се вметне во Законот за воздушна безбедност дека војската ќе може да обезбеди внатрешна помош на полицијата“, посочува Добринт во коментар објавен денеска за весникот „Рајнише пост“ .

Тој истакнува дека негова цел е да создаде центар за компетентност за дронови, кој би ги обединил федералните, регионалните влади и војската.

Портпарол на министерството изјави дека се во тек преговори за реформа на полициското законодавство и за измена на Законот за воздушна безбедност. 

Поврзани вести