Skip to main content

Фрлени во смрт од нивните команданти: Масовно се предаваат украинскте војниците во Курахово

Откако руските сили ја преедоа контролата над стратешкиот град Курахово во регионот Доњецк, ситуацијата на украинските сили нагло се влошила. Според објавите на социјалните мрежи од руска и украинска страна, голем број украински војници се практично опколени и оставени без залихи и можност за ротација на единиците.

Таквата состојба ги принудува Украинците масовно да се положуваат оружјето и да се предаваат на руските сили.

Василиј Крахмал, во име на украинските војници коишто се предаваат зборува за тоа како не можеле да го издржат брзиот напад на руските трупи за време на нападот на градот Курахово и решиле масовно да се предадат за да ги спасат своите животи.

Тој вели дека биле напуштени од командата на украинската војска, а незадоволителното снабдување со оружје и храна и бесмислениот отпор на обучените професионални единици на руските вооружени сили, им оставиле само една шанса за спас на украинските војници, која, за нивна и за среќа на нивните семејства, тие ја искористиле.

Поврзани вести