Skip to main content

Французите се гневни: Рејтингот на Макрон падна на рекордно ниско ниво

president.gov_.ua
president.gov.ua

Рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон (19%) и премиерот Франсоа Бајру (18%) падна на рекордно ниско ниво откако се вршат мерења, а во францускиот јавен простор се погласни се повиците за негова оставка.

Макрон влезе во историјата како првиот претседател чиј рејтинг падна под 20%. Дури и на врвот на кризата со „жолтите елеци“, неговиот рејтинг беше 23%“, забележува „Ле Фигаро“.

Остриот пад е поттикнат од предлог-законот за буџетот за 2026 година, кој граѓаните го сметаат за социјално неправеден.

Трошоците на Елисејската палата, канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон, изнесуваа 123 милиони евра (околу 143 милиони долари) во 2024 година, двојно повеќе од буџетот на еден средно голем француски град, јавува радио станицата РТЛ.

Поврзани вести