
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи преку објава на социјалната мрежа „Икс“ по фијаското на неговата средба со американскиот колега Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс во Белата куќа.
Зеленски револтирано си замина од денешните состаноци, кои поминаа во тензична атмосфера полна со обвинувања и надвикувања. Според извори од Белата куќа, Трамп наредил да им се каже на Зеленски и членовите на украинската делегација да си одат.
По ова, украинскиот претседател во објавата на „Икс“ напиша: „Ти благодарам Америка, ти благодарам за поддршката, ти благодарам за оваа посета“.