Skip to main content

„Фајненшл тајмс“: Француските банки не ги даваат замрзнатите руски средства во фонд за Украина

farah-almazouni-on-unsplash

Според пишувањето на западни медиуми, француските приватни банки нема да ѝ обезбедат на Украина заем од замрзнати руски средства

Франција, која го поддржа одобрувањето на „заемот за репарација“ за Украина за кој финансиии се планираат со заплена и користење на руските замрзнати средства, одбива да ги вклучи средствата замрзнати во приватните француски банки во фондот, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори.

Околу 18 милијарди евра руски средства се замрзнати во француските банки, што е втора најголема сума во Европа. Најголем дел од замрзнатите руски средства во Европа се наоѓаат во Белгија, околу 140 милијарди евра.

Белгија одби да дозволи замрзнатите руски средства во земјата да бидат запленети поради страв од економски мерки и тужби, коишто во иднина би предизвикале земјата да плаќа огромни репарации.

Поврзани вести