Skip to main content

Ердоган му рекол на Трамп дека ги поздравува мировните напори, но за да успеат Израел мора да ги запре нападите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со неговиот американски колега Доналд Трамп при што рекол дека Турција го поздравува обидот за постигнување мир во регионот, но додал дека Израел мора да ги запре нападите за напорите да бидат успешни, соопшти турското претседателство.

Во соопштението се вели дека Ердоган, во разговорот што го побарала американската страна, му кажал на Трамп дека Турција ќе продолжи да ги поддржува мировните иницијативи во регионот и ќе придонесе кон визијата на Трамп за глобален мир.

Се додава дека двајцата разговарале и за билатералните односи, при што Ердоган истакнал колку е важно да се преземат чекори за зајакнување на соработката, особено во одбранбената индустрија.

Поврзани вести