Skip to main content

Ердоган ги повика исламските земји да преземат водечка улога во процесот на меѓународна изолација на Израел

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика исламските земји да преземат водечка улога во процесот на меѓународна изолација на Израел „поради неговите агресивни дејствија во регионот“, пренесоа турските медиуми.

Ердоган зборуваше на отворањето на самитот на Д-8 (Исламска осумка) во Каиро.

„Ги гледаме чекорите на Израел кои го занемаруваат територијалниот интегритет на Сирија, вклучително и проширувањето на нелегалните населби во Голанската висорамнина. Верувам дека како Д-8 мора да реагираме многу порешително на овие незаконски дејствија кои ја загрозуваат стабилноста на Сирија и нашиот регион. Како исламски држави мораме да ги насочиме чекорите што треба да се преземат против Израел. Пред се, многу е важно да се воведе ембарго за оружје на Израел и да се запре трговијата со него. Сирија е цел на израелска агресија, рече турскиот лидер, цитиран од ТВ Си-Ен-Ен-Турк.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş