Skip to main content

Енциклопедија „Британика“ ја тужи „ОпенАИ“ поради користење нејзини содржини за обука на моделите на ВИ

michal-jarmoluk-from-pixabay

Енциклопедијата „Британика“ и нејзината филијала „Меријан-Вебстер“ ја тужи компанијата „ОпенАИ“ (OpenAI) пред сојузниот суд на САД во Менхетн поради наводна злоупотреба на нејзините содржини за обука на моделите на вештачката интелигенција (ВИ).

Британика во тужбата наведува дека „Опен АИ“, поддржана од „Мајкрософт“, ги користи нејзините онлајн статии за да го научи „ЧетЏиПиТи“ (ChatGPT) да одговара на прашања.

Британика тврди дека „ОпенАИ“ илегално копира 100.000 написи за обука на моделите на „ЏиПиТи“ (GPT).

Во тужбата се тврди дека „ЧетЏиПиТи“ произведува „речиси дословни“ копии од записите во Енциклопедија „Британика“ и на тој начин ги пренасочува корисниците, кои би ги посетиле нејзините веб-страници.

„Британика“ го обвини „ОпенАИ“ за повреда на заштитниот знак имплицирајќи дека има дозвола да го репродуцира нејзиниот материјал и лажно цитирајќи ја енциклопедијата во содржината генерирана од вештачка интелигенција.

„Британика“ минатата година поднесе слична тужба против компанијата за ВИ „Перплексити АИ“, постапката се уште е во тек.

Компаниите за ВИ тврдат дека нивните системи чесно го користат материјалот заштитен со авторски права со тоа што го трансформираат во нешто ново. 

Поврзани вести