Skip to main content

Едно лице загина, четворица се повредени во украински напад врз рускиот Ростовски регион

Lothar Boris Piltz on Unsplash

Едно лице е убиено, а четворица се повредени синоќа во украински воздушен напад врз Таганрог во рускиот Ростовски регион, изјави гувернерот на регионот, Јуриј Сљусар.

Тој соопшти дека три лица се тешко повредени, а меѓу повредените е и еден странски државјанин.

Украинскиот напад предизвика пожар во магацинот на логистичка компанија, кој оттогаш е локализиран.

Товарен брод што пловел под странско знаме и се наоѓал на неколку километри од брегот, исто така, бил оштетен.

Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека воздушната одбрана соборила 85 украински дронови во текот на ноќта над руските региони.

Во соопштението се вели дека украинските дронови се уништени над Белгородскиот, Брјанскиот, Воронежскиот, Курскиот, Орјолскиот, Ростовскиот, Самара, Саратовскиот и Тулскиот регион.

Се забележува дека украинските дронови се уништени и преку ноќ над Крим и Црното Море.

Поврзани вести