
Еден израелски државјанин е меѓу жртвите на масовното пукање на настанот за Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Најмалку 12 лица се убиени, а речиси 30 се повредени откако вооружени лица отвориле оган на настанот за Ханука на познатата плажа. Австралиските власти го опишаа пукањето како антисемитски терористички напад.
Еден од осомничените напаѓачи е исто така убиен, а вториот е во критична состојба. Полицијата истражува дали имало трет напаѓач, изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион. Двајца полицајци се меѓу 29-те повредени лица однесени во болница, рече тој.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека го предупредил својот австралиски колега, Ентони Албанезе, дека политиките на неговата земја го поттикнуваат антисемитизмот.
Нетанјаху рече дека пукањето е „ладнокрвно убиство“ и дека антисемитизмот „се шири додека лидерите молчат“.
Мора да ја замените слабоста со акција“, рече израелскиот премиер.

Македонски






