Skip to main content

Денеска ненадејно приземјен и авионот на шпанскиот премиер

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска требаше лично да присуствува на самитот на „коалицијата на доброволци“ во Париз, но поради технички проблем на авионот, ненадејно се врати во Мадрид, објави неговиот портпарол.

За потсетување, неодамна имаше сличлен инцидент и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, чијшто авион бил погоден од нарушување на GPS системот. Некои извори за ова ја обвинија Русија.

Нема индиции дека тој инцидент е поврзано со денешниот настан со авионот на Санчез. Според податоци од Flight Radar, GPS сигналот беилво ред, а авион не кружелдолго над пистата, туку само неколку минути.

„Коалицијата на доброволците“ е неформален сојуз на земји што се приклучија на иницијативата на Франција и неколку европски партнери за давање воена и техничка поддршка на Украина надвор од рамката на НАТО или ЕУ. Формирана е во 2024 година, со цел да се координираат испораките на оружје, обуката на украинските сили и зајакнувањето на безбедносната помош. Земјите што ѝ припаѓаат се нарекуваат „доброволци“, бидејќи учеството не е задолжително, туку секоја влада самостојно одлучува за обемот и видот на помошта.

Поврзани вести