Skip to main content

„Дејли мејл“ призна дека објавил лажна вест за жени – војници од Cеверна Кореја во Курск, фотографиите биле модифицирани со вештачка интелигенција

Британскиот весник „Дејли мејл“ призна дека објавил лажна фотографија на „Севернокорејски жени војници во Русија“.

Весникот мораше да го отстрани написот во кој нивниот репортер лажно тврдеше дека има „доказ дека севернокорејските војници ја поддржуваат Русија во конфликтот во Украина“. Фотографијата која ја објави Дејли Мејл всушност била фотографија изменета со вештачка интелигенција.

Во написот, првично објавен од британскиот весник на 4 декември, се вели дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун испратил жени „да се борат како топовско месо во Украина“.

Обвинението се заснова на фотографија на две жени во воени униформи, наводно направена во Железногорск, голем град во северозападната Курска област во Русија. Двете жени беа идентификувани како сестри „Веи и Лин“.

Според лажната приказна, „корејските сестри Веи и Лин служат во регионот Курск веќе две недели, а наводно, руските војници ги нарекуваат „Вера и Лида“, додавајќи дека „не е јасно зошто Русите ги преименувале девојките“.

Оригиналната слика е преземена од видеото „Девојки близначки служат од 2014 година“, кое ја раскажува приказната за две 25-годишни девојки војници, родени во Макеевка во регионот Доњецк, снимен минатата година.

Во корекцијата на својата лажна вест, „Дејли Мејл“ подоцна вели дека фотографијата му била дадена на весникот од „доверлив хонорарен репортер“ и се извинува за „предизвикување конфузија“ со објавувањето на „грешката“.

Украина и нејзините западни поддржувачи со недели тврдат дека севернокорејските трупи и помагаат на Русија во Курск, без да има какви било докази за тоа. Американски извори изјавија за медиумите дека наводното распоредувањена севернокорејските војници е легитимна причина да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел финансирани од Запад за да напаѓа длабоко во Русија.

Сепак, украинските војници интервјуирани од Би-Би-Си неодамна изразија сомнеж за тврдењата дека севернокорејските трупи се присутни на бојното поле.

Никогаш не сум видел или слушнал ништо за Севернокорејци, живи или мртви“, вели еден украински војник, цитиран од Би-Би-Си.

Поврзани вести