Skip to main content

Данскиот крал го промени грбот како знак на протест против Трамп кој најави дека сака да го купи Гренланд

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купувањето на Гренланд.

Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргарет, која се повлече на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.

Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој се користеа три круни, симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.

Поврзани вести