Skip to main content

Бундестагот на 6 мај ќе го избере новиот германски канцелар

pexels-from-pixabay

Германскиот Бундестаг на 6 мај ќе го избере конзервативецот Фридрих Мерц за канцелар, со што дефинитивно ќе му заврши мандатот на Олаф Шолц, соопшти Долниот дом на германскиот Парламент.

Фридрих Мерц (69) треба да биде избран од мнозинството од 630 пратеници во Бундестагот, пред истиот ден да ја преземе власта од Шолц.

Лидерот на конзервативците, победници на неодамнешните парламентарни избори, ќе ја предводи коалицијата формирана со Социјалдемократската партија (СПД) на канцеларот во заминување.

Поврзани вести