Skip to main content

Британскиот премиер: Лондон и Вашингтон се усогласени дека е потребна итна дипломатска акција околу Иран

Facebook / Keir Starmer
Facebook / Keir Starmer

Британскиот премиер Киер Стармер разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за најновите случувања на Блискиот Исток.

Според портпаролка на Даунинг стрит, „двајцата лидери се согласија за важноста на дипломатијата и дијалогот“.

Стармер, исто така, ја повторил „длабоката загриженост на Обединетото Кралство поради иранската нуклеарна програма“, се додава во британското соопштение. 

Поврзани вести