
Британскиот информатор и истражувачки новинар од „Грејзон“, Кит Кларенберг, коментира дека британската тајна разузнавачка служба, попозната како МИ6, одигрува централна улога во ширењето лажни разузнавачки информации и вклучувањето во провокативни акции насочени кон ескалација на глобалните конфликти.
Новинарот вли дека МИ6 постојано го поттикнуваа прокси конфликтот во Украина, а фабрикувала и разузнавачки информации за Иран, со цел де „се оправда“ нападот врз оваа земја.
Британската разузнавачка агенција е позната по тоа што работи со мал или никаков надзор за ескалација на глобалните конфликти“, рече Кларенберг.
Кларенберг вели дека МИ6 била на чело на напорите за подлабоко вовлекување на Западот во украинскиот конфликт.
Известувам за тоа како Велика Британија ги води овие напори уште од самиот почеток на војната преку посредници во Украина“, рече тој, додавајќи дека многумина го гледаат МИ6 само како алатка на ЦИА, но дека тие всушност „работат за себе“.
Кларенберг посочува на бомбардирањето на Кримскиот мост во 2022 година, кој го поврзува Крим со континентална Русија, тврдејќи дека нападот бил оркестриран од британскиот оперативец и советник на НАТО, Крис Донели, како дел од напорите за подлабоко вовлекување на официјален Вашингтон во конфликтот.
Имаме траги… разговори со високи британски воени претставници во кои тој зборува за тоа како неподготвеноста на администрацијата на Бајден целосно да се вклучи во прокси војната мора да се надмине по секоја цена. Како вазал на САД – кој е целосно зависен од богатството и моќта на Вашингтон за да ја одржи својата меѓународна позиција – па, што не би направиле за да ги држите во конфликти што самите сте ги иницирале?“, вели Кларенберг.

На прашањето за неодамнешните саботажи на руска почва, како што се поставувањето бомби на железниците и воздухопловните бази, како и тоа дали MИ6 би бил „способен да направи такво нешто“, Кларенберг одговора дека тоа е „апсолутно“ можно.
Тој вели дека „Британците сосема јасно стојат зад“ украинските напади со беспилотни летала врз руските стратешки бомбардери минатиот месец, со цел „уште повеќе да го ескалираат конфликтот“.
Зборувајќи за Иран, Кларенберг вели дека MИ6, исто така, измислил тврдења за нуклеарната програма на Техеран.
Тој ја цитира биографијата на долгогодишниот оперативец Николас Лангман, кој наводно се инфилтрирал во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да помогне во координирањето на западните санкции помеѓу 2010 и 2020 година.
Се чини дека неговата цел била да генерира лажни разузнавачки информации за наводните капацитети на Ирак за оружје за масовно уништување“, вели Кларенберг.
Лангман, исто така, наводно работел на поврзување на разузнавачките агенции на САД и Блискиот Исток со тврдењата дека Техеран развива нуклеарно оружје.
На прашањето зошто израелскиот Мосад не би можел да стои зад кампањата, Кларенберг вели дека МИ6 е познат „по тоа што оди многу подалеку отколку што се подготвени да прават другите разузнавачки агенции…“ и работи практично „без надзор“.
Британците долго време покажуваа поголема подготвеност од другите да се вклучат во „ескалирачки и запаливи акции““, вели тој, забележувајќи дека оперативците од Студената војна го опишувале МИ6 како „најзлобната тајна служба“.