
Иранските одбранбени сили се уште имааат залихи со ракети кои се безбедни од американско-израелските напади, пишва германски „Билд“. Според изданието, иранските подземни бункери ги надминуват можностите на САД за нивно уништување.

Според „Билд“, дури и по едномесечни американски и израелски напади врз Иран, целиот ракетен арсенал на земјата не е уништен. Ова се должи на нејзината широка мрежа на подземни складишта, кои воените експерти ги нарекуваат „неосвојливи тврдини“.
Овие бункери се изградени на големи длабочини во планините и можат да издржат дури и напади од американските стратешки бомбардери. Благодарение на оваа заштита, Иран ја задржува можноста да извршува одмазднички напади и да го одржува својот воен потенцијал и покрај масовните удари што ги трпи.

Македонски



