Skip to main content

Бил Гејтс до Трамп: Не го укинувајте УСАИД, тешко дека државата ќе создаде нешто слично

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи да обезбедува странска помош преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Пораката до Трамп, Гејтс ја израил за време на средба со него во Белата куќа, објави Ен-би-си.

Гејтс истакна дека сè уште не е јасно каква конкретна помош САД ќе продолжат да им даваат на другите земји. Тој додаде дека е многу комплицирано за една држава повторно да создаде нешто слично на УСАИД.

Истовремено, Гејтс истакнува дека не се сретнал со Илон Маск, кој беше иницијатор за затворање на Агенцијата.

Поврзани вести