Skip to main content

Бербок вети германска помош за Сирија, но само „ако се почитуваат правата на жените и малцинствата“

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, која инатата недела беше во посета на сирискиот главен град Дамаск, изјави дека по соборвањето на претседателот Башар ал Асад, новите власти на земјата може да очекуваат помош од Германија, но дека за тоа ќе треба да бидат исполнети одредени услови.

Како што изјави Бербок за „Тагесмен“, Германија ќе обезбеди финансиска помош за Сирија само доколку новата влада во земјата ги почитува правата на жените и малцинствата.

Бербок додава дека официјален Берлин нема да ги поддржи „исламистичките структури“.

Министерката нагласува дека милиони образовани граѓани кои ја напуштиле Сирија никогаш нема да се вратат во својата татковина доколку таму жените не се безбедни.

Поврзани вести