
Австралиски платеник кој се борел за украинските вооружени сили е елиминиран во регионот Доњецк, објави „Гардијан“.
Како што пишува изданието, негов пријател ја објавил смртта на Австралиецот идентификуван како Расел Алан Вилсон. Според пријателот, Вилсон бил убиен додека извршувал борбена мисија, а требало да се ожени за една недела.

Австралиските власти соопштиле дека се свесни за смртта на Вилсон и бараат официјална потврда од украинската страна.
Според „Гардијан“, најмалку осум Австралијанци се убиени во битките во Украина од 2022 година, а еден бил заробен.

Македонски





