Skip to main content

Авион со 199 мигранти депортирани од САД пристигна во Венецуела

Авион со 199 мигранти депортирани од САД утрово пристигна во Венецуела, соопштија венецуелските власти.

Денеска примаме 199 сонародници, изјави венецуелскиот министер за внатрешни работи Диосдадо Кабело на меѓународниот аеродром во Каракас.

Ова е четврти лет со кој Венецуелци се депортираат од САД.

Првите два авиони полетаа од Ел Пасо, Тексас, на 10 февруари, по што следеше еден со 177 мигранти кои беа во затворот Гвантанамо на Куба и пристигнаа во Венецуела преку Хондурас.

Поврзани вести