
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, истакна дека американските напади врз цивилни цели, вклучувајќи ги и недовршените мостови, нема да ги принудат Иранците да се предадат.
Ова само го демонстрира поразот и моралниот колапс на непријателот во хаос. Секој мост и зграда ќе бидат повторно изградени уште поотпорни. Она што никогаш нема да се поправи: штетата врз угледот на Америка“, напиша Арагчи на социјалните мрежи.

Реакцијата на Арагчи доаѓа откако американските сили го урнаа највисокиот мост во Ирна, нешто со што американскиот претседател Доналд Трамп се пофали на социјалните мрежи, пишувајќи дека допрва ќе има напади врз цивилната инфраструктура на Иран и му се закани на Техеран да склучи договор со САД.


Македонски


