
Американскиот Сенат ѝ се закани на Русија со 500% царини за енергетските ресурси.
Ваквите изјави ги даде сенаторот Линдзи Греам, кој ја надгледува работата на закон со кој би се изолирала Русија
од глобалната трговија.
Рестриктивните мерки вклучуваат 500% царини за руски енергетски ресурси купени од трети земји.
Ако Кина или Индија престанат да купуваат евтина нафта од Русија, воената машина на Путин ќе запре“, рече Греам.
Според него, иницијативата веќе е поддржана од 82 од 100 сенатори.
Претходно, сенаторот Џон Тун изјави дека ако рускиот претседател Владимир Путин продолжи да „игра игри“, Конгресот нема да стои настрана.
Греам истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на Путин услови за прекин на огнот. Одговорот на официјална Москва ќе помогне да се одреди идната позиција на Сенатот.