Skip to main content

АФД сега води во Германија

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) денеска за првпат се најде на прво место во истражување на јавното мислење во Германија, неколку часа пред да се договори следната владина коалиција во Берлин.

Анкета на Ипсос покажа дека АфД има 25 отсто, пред конзервативниот блок – составен од Христијанските демократи (ЦДУ) на Фридрих Мерц и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) од Баварија – со 24 отсто поддршка.

Социјалдемократската партија (СПД) е на третото место со 15 проценти, а Зелените и Левицата имаат по 11 отсто, пренесе ДПА.

Историската анкета доаѓа шест недели откако АфД заврши на второто место на парламентарните избори.

ЦДУ/ЦСУ и СПД се очекува денеска да постигнат договор за формирање влада на Германија.

Поврзани вести