Skip to main content

Светата Македонска црква е најголемото наследство од Свети Климент, порача г.г. Стефан

Фото: МИА

Како духовен отец и просветител, Свети Климент го врежал својот благороден лик во мемоарите на нашата свештена историја и култура. Денес пак, како небесен закрилник и како патрон на Македонската православна црква Охридска архипископија, тој останува верен чувар на нејзиното единство и изворна духовна поткрепа за сите нејзини верни чеда, порача поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, што се одржа вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Во своето обраќање, поглаварот на МПЦ посочи дека најголемото наследство од Свети Климент е Македонската црква, која, како што рече, е чувар на нашиот идентитет.

– Светата Македонска црква е неговото најголемо наследство. Таа е довековно завештание кое што овој славен првоерарх ни го оставил на сите нас. Затоа, верно запазувајќи ги вистините на верата и доследно чувајќи го светото предание и нашите древни традиции и вредности, ние покрај нашето минато го чуваме и нашиот идентитет. Оттаму, должни сме и во овие дни, кога како црква и како држава го прославуваме неговиот светол спомен, но и преку сите денови од нашиот живот, вистински да се потрудиме да му се уподобиме нему, а преку него и на Христа, да неговиот молитвен покров биде на сите нас и неговото дело да блесне како светлина која што ќе ги озари и ќе ги води нашите срца низ претстојните години и времиња, порача г.г. Стефан.

Поглаварот на МПЦ, дополни дека Свети Климент ја докажува природноста на светоста, кој како учител подготвувал илјадници ученици за служба на црквата, покажувајќи им ги буквите и обзнанувајќи им ја смислата на напишаното.

– Како мисионер од рана возраст, вклучен во рамно апостолската дејност на своите учители, светите солунски браќа Кирил и Методиј, тој претрпувал сѐ за на народите да им ја засветли светлината на Евангелието. Како книжевник, откако навлегол во морето на свештеното богословие, со стихоплет на словото ни ги опеал божествените длабочини на православното исповедање. Како учител, илјадници ученици подготвувал за служба на црквата, на едни покажувајќи им ги буквите, на други обзнанувајќи им ја смислата на напишаното. А како пастир, тој пак и пак повикувал на духовно очистување, на меѓусебен мир и на нелицемерна љубов, притоа и самиот со дела, а не само со зборови, покажувајќи дека христијаните треба да бидат внимателни чувари на Божјите зборови, а не само нивни слушатели, рече г.г. Стефан.

На академијата свое обраќање имаше и претседателката на земјава Гордана Сиљановска – Давкова, а присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, членови на Владата, поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, како и претставници од судската власт, дипломатскиот кор, академската заедница. 

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom