
Како долгогодишен просветен работник- учител, секогаш сум верувала дека вистинската магија не е во зборовите, туку во љубовта, трпението и примерот што секој ден им го даваме на децата, посочи Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник на Кисела Вода.
Денес, од нашата Кисела Вода, со гордост ја поддржав кампањата на Министерството за образование и министерката Весна Јаневска, затоа што верувам во образование со душа, посветено на секое дете. Затоа ви се обраќам токму на вас почитувани наставници, во ваши раце е највредното богатство – знаењето и иднината на младите генерации. Ви благодариме за вашата професионалност, труд и љубов кон професијата, истакна таа.
Стаменкоска Трајкоска им порача: „Ви посакувам многу здравје, успех и задоволство во благородната мисија на воспитување и образование. Честит Ден на учителите – 5 Октомври“.