
Стотици граѓани денеска излегоа на протест на булеварот „Паризански одреди“ во Скопје, кај „Силбо“ изразувајќи го своето незадоволство за сообраќајната несреќа во која беше убиена 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Таа беше прегазена од 20-годишен возач без возачка дозвола, додека минувала на пешачки премин.

Граѓаните, револтирани од трагедијата и судската пракса, се организираа преку социјалните мрежи и бараат правда и построги санкции за несовесните возачи.

Исто така граѓаните на Неготино денеска ќе одржат мирен собир во чест на 22-годишната Фросина.
Случајот предизвика лавина реакции во јавноста, откако беше обелоденето дека возачот возел под дејство на алкохол, поминал на црвено и ја прегазил младата девојка.