Skip to main content

Се уредуваат пешачките патеки во Градскиот парк во Скопје

Принтскрин од видео

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во Градскиот парк се уредуваат пешачките патеки со поставување на бела ризла и се обновува урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци.

Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци, напиша градоначалникот.

Паркот, како што посочува тој, го оплеменуваме и со нови дрвја, создавајќи похумана и позелена средина за сите.

Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации – потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Поврзани вести