Skip to main content

Раде Макеларски е новиот кум, а Атанас Петров е здравичарот за „Бадник 2025“

Скопските бадникари ги започнаа подготовките за свеченото одбележување на христијанскиот празник Бадник, што, традиционално, се одржува на платото пред Соборниот храм. Оваа година, Раде Макеларски е новиот кум, а Атанас Петров е здравичарот на манифестацијата, која ќе се одржи по 33. пат.

Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025 година, истакна дека му е особено драго што е поканет да биде кум и нагласи дека и, по завршувањето на кумството, ќе помага да се одржи оваа убава традиција. Тој истакна дека ќе настојува неговите деца и внуци да ја продолжат традицијата.

Инаку, Раде е економист. Неговата кариера започнала во „Технометал – Македонија“, а ја продолжил во семејната фирма на својот брат, „Макпримат“, како комерцијален директор, сè до своето пензионирање.

Здравичарот Атанас Петров, пак, му се заблагодари на Одборот за традиционална прослава на Бадник, за укажаната доверба.

Чувството е убаво, возбудата е голема, а радоста е уште поголема. Се чувствувам како дел од градот Скопје, тука пораснав, ги преживеав поплавите и земјотресот. Се нафатив на оваа функција затоа што тоа ме навраќа во детството и младоста, кога со нетрпение го очекувавме овој празник, ги палевме бадникарските огнови, одевме на коледе. Се надевам дека, како здравичар, ќе ја оправдам укажаната доверба и дека јас и кумот ќе бидам достоинствени претставници на овие бадникарски функции – истакна Петров.

Toj e дипломиран архитект и е сопственик на семејната фирма „Торус инженеринг“, која се занимава со проектирање и изведба на објекти.

Претседателот на Одборот за традиционална прослава на Бадник, Ангел Георгиевски, ги покани сите скопјани, в недела, на 22 декември напладне, во месноста Краста, на јужните падини на Водно, на патот кон хидроцентралата „Козјак“, заедно со кумот, здравичарот и бадникарите да се приклучат на собирањето на бадниковите гранчиња, кои ќе им бидат поделени на 6 јануари, на свеченоста на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Минатата година, кум на бадникарската прослава беше бизнисменот Божидар Јанковски, познат како Бобо Дајнерс, а здравичар беше актерот Анастас Тановски.

Овој настан веќе 25 години е поддржуван и од Општина Центар.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom