
Вечерва во скопската населба Влае пукнала една од главните водоводни цевки, која голема поплава на неколку улици. Водата е навлезена во дворови и подруми, а граѓаните велат дека состојбата е хаотична.
Ве известуваме дека на ден 05.10.2025 г. поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм.на улица Франце Прешерн 100Д во н.Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности – велат од Водовод и канализација.
Според објави на социјалните мрежи, без вода веќе се делови од Влае, Козле, Карпош 3 и 4, како и Злокуќани.
И од ЦУК со информација дека екипите работат на терен.
Се работи за дефект на Ф-600 цевка за дотур на вода. Екипите се на терен и работат на санација на дефектот. Поради тоа, без водоснабдување се повеќе општини, меѓу кои Влае и Ѓорче Петров – велат од ЦУК.