Skip to main content

Перински: Комуникацијата на Градот Скопје со скопските градоначалници не постои

За да функционираат сите процеси во Градот Скопје потребна е комуникациа меѓу градоначалниците и градоначачлникот на Скопје на дневна основа, што според министерот за локална самоуправа сега не постои, но очекува тоа да се смени од ноември, по локалните избори.

„Најголемиот проблем којшто Градот Скопје го прави за општините во рамки на Скопје е опструкцијата на секое ниво и во суштина оние средства коишто се влеваат во касата на Градот Скопје, а потекнуваат од локалните самоуправи на теритприја на Скопје, во иднина несразмерно се инвестираа. Ние мораме да најдеме механизам, мораме да најдеме некоја формула којашто од одредена сума, од одредена количина на средства коишто од локалните самоуправи влегуваат во Градот Скопје одреден процент од нив треба да се враќаат во локалните самоуправи за да им се даде комодитет на градоначалниците самостојно да инвестираат во повеќе инфраструктурни проекти. За жал комуникацијата со Градот и на градоначалниците, но и на претставниците од централна власт, не моќам да кажам дека е отежната, туку ќе бидам директен и ќе кажам дека не постои и тоа не постои заради една страна, а тоа е Градот Скопје и јас сум убиден дека после ноември ќе се подобри“, рече Перински при денешната посета на Општина Чаир.

Тој порача дека комуникацијата меѓу градоначалници треба да биде на дневна основа за да се надминуваат сите предизвици и процеси.

Поврзани вести