
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со емотивна порака на социјалните мрежи ја честиташе Бадниковата вечер, споделувајќи семејни моменти исполнети со вера, љубов и благодарност.
„Божјиот благослов оваа година кај Ведран. Жив и здрав да си, сине“, напиша Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека радоста годинава е уште поголема бидејќи среќниот пронаоѓач на паричката бил токму нивниот син Ведран, што за семејството претставува најголем благослов.
Во пораката, градоначалникот нагласува дека Бадник е света традиција која ги собира семејствата околу трпезата и срцата, симбол на хармонија, љубов и спокој, како и моменти што се паметат и се пренесуваат од поколение на поколение.
Ѓорѓиевски им посака на сите граѓани здравје, мир и бериќет во секој дом, со желба Бог да ги чува и заштитува денес и секогаш.
„На здравје и од Бога благословена Бадникова вечер“, порача тој во името на семејството Ѓорѓиевски.

Македонски






