
Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси! За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од ремиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот Градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме, открива вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по денешната најава за кандидатот за градоначалник на главниот град од ВМРО-ДПМНЕ.
Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител.
Орце е цврст карактер и голем борец.
Ќе победи и ќе биде одличен Градоначалник!, вели Николоски.