
Се појави несекојдневна сцена во скопската населба Водно. На видео кое кружи на социјалните мрежи се гледаат четири диви свињи како шетаат по улиците на населбата, во близина на станбени куќи.
Животните се очигледно вознемирени и исплашени од автомобил кој ги следи и ги снима, по што во обид да се засолнат влегуваат во еден од дворовите. Настанот предизвика вознемиреност кај дел од жителите, но и бројни реакции на социјалните мрежи.
Ваквите појави не се редок случај во населбите кои гравитираат кон Водно, особено во потрага по храна, при што се апелира граѓаните да не им се приближуваат на дивите животни и да ги пријават ваквите случаи кај надлежните служби.

Македонски




