
Ве поздравувам и силно ја почитувам вашата волја изразена во огромен број граѓани кои и денес излегоа да нè поддржат. Гази Баба секогаш била на вистинската страна, на страната на Македонија, на принципите и вредностите. А овие избори се, всушност, тоа да се одбере вистинската страна, да се направи вистинскиот избор кој ќе донесе ред, работа и проекти, напиша на својот фејсбук профл лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вистинскиот избор за оваа општина е Боби Стефковски. Неговите резултати говорат за неговиот минат труд. Во едни тешки услови тој постигна резултати и решаваше многу од проблемите кои ги наследи. А вие најдобро знаете дека 4 години СДСМ владееше со општината и беше сè разорано и уништено. Сега тоа се поправа, а со Боби ќе направиме многу за Гази Баба и ќе ја има и владината поддршка за тоа. За Град Скопје гласајте за Орце Ѓорѓиевски и поддржете ја советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Тоа се чесни поединци и искрени работници кои ќе го движат Скопје и Гази Баба. Ова е тимот кој ќе се зафати со решавањето на проблемите и ќе носи функционални решенија.