Skip to main content

Место приватни фирми „Улици и патишта“ ќе уриваат дивоградби низ Карпош и Центар

Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје односно ЈП „Улици и патишта“, одлучија денеска советниците во Град Скопје со 34 гласови „за“.

Од Општина Карпош побарале да воспостават меѓуопштинска соработка со Град Скопје за  заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите на Општина Карпош, кои се однесуваат на спроведување на актите на градежната инспекција за отстранување на бесправно изградените објекти. 

Оваа предлог-одлука за меѓуопштинска соработка е една од повеќето од десетте наши општини во Градот Скопје, која што веќе со Општина Центар ја склучивме. Сега преоѓаме и на меѓуопштинската со Општина Карпош, кадешто општниата ќе учествува со општинските инспекции, додека ние ќе работиме со нашето јавно претпријатие „Улици и патишта“ за побрзо, понавремено и поефикасно за реализирање на објектите коишто не се согласно законските одредби“, велат од службите на Градот.

Досега општините распишуваа тендер на кои се избираше приватна фирма. Град Скопје нема никакви надлежности во однос на уривање на дивоградби односно нема градежна инспекција и не носи одлуки за уривање, туку тоа го прават општините. Градот досега никогаш не уривал дивоградби, а сега, како што почна со Општина Центар, сега продолжува со Карпош, се отвра работа за ЈП „Улици и патишта3, па прите за услугата место во приватни фирми ќе се слеваат во градската каса.

Општина Карпош во остварувањето на оваа соработка ќе учествува со вршење на стручно-административните работи од областа на инспекцијата, во делот на актите за отстранување на бесправно изградените објекти на подрачјето на Општината. Градот Скопје во остварувањето на оваа соработка ќе учествува со сопствени средства во отстранувањето на бесправно изградените објекти, а работите ќе бидат изведени од јавното претпријатие ‘Улици и патишта‘ Скопје“, се велеше во образложението на одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Карпош.

Средствата за уривање ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје. Општина Карпош по наплата на направените трошоци од сопствениците на отстранетите објекти, парите ќе ги уплатува на сметка на буџетот на Град Скопје.


Поврзани вести