Skip to main content

Марковски: Нов спортско-рекреативен зелен појас за Скопје

Независни заедно

Спортско – рекреативен зелен појас почнувајќи од Матка, преку езеро „Треска“, Сарај, Кејот на реката Вардар, СЦ „Борис Трајковски“, Градскиот парк, парк – шумата Гази Баба се до Маркова река. За младите тоа ќе биде можност за различни спортски активности, а за сите останати шанса за поквалитетен живот и поквалитетно поминување на слободното време, е проект, кој го презентираше денеска во рамки на спортско – рекреативниот центар „Сарај“ професорот Горан Марковски, стои во соопштението на „Независни заедно“.

Марковски е независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, а проектот го презентираа заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатска листа за советници на Град Скопје од „Независни заедно“ и Умер Мухамеди, кандидат за советник за Скопје.

Новиот спортско – рекреативен појас ќе овозможи дополнително раззеленување на Скопје, како и вистинско облагородување и заштита на јавните простори кои со децении делуваат запуштено.

Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број 1, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода, почва и многу повеќе уредени зелени површини.

Тимот на „Независни заедно“ продолжува и овој викенд со теренските активности. Денеска кандидатите ќе остварат и средби со граѓани во Капиштец (Општина Центар), при што ќе ги запознаат центарци со програмските решенија за општината и градот Скопје.

Ги повикуваме граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје – Горан Марковски, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска. Скопје има шанса!

Поврзани вести