Skip to main content

Малолетник вечерва првел журка со огномет – забавата била во кафуле во Градски Парк

Малолетник правел приватна забава на која имало огномет – тврдат извори од СВР Скопје за Република.

Според информациите до кои дојдовме, роденденската забава се одвивала во кафулето ,,Брик кафе парк” кај Градскиот парк, близу Кејот на Вардар.

Граѓаните вечерва се ревилтирани од огнометот што го видоа. Се прашуваат кому му дојде до огномет и забава во денови на жалост по загубата на 59 човечки животи во пожарот во дискотеката ,,Пулс” во Кочани.

Пожарот настана од пиротехника која била користена, а покрај загинатите има и околу 200 повредени, главно лица од 14 до 25 години.

Поврзани вести