Skip to main content

Индиски медиуми: Еден патник ја преживеал авионската несреќа

Полицискиот комесар на Ахмедабад потврди дека е пронајдено едно лице кое го преживеа падот на авионот што полета за Лондон утрово и се урна во близина на аеродромот кратко по полетувањето.

Според индиските медиуми, патникот, чиј идентитет сè уште не е објавен, седел на седиштето 11А.

Полицискиот комесар, исто така, изјави дека овој патник моментално е на лекарска помош.

Ве потсетуваме дека авион на Ер Индија со најмалку 242 лица на лет за Лондон се урна во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад неколку минути по полетувањето.

Локалните власти претходно изјавија дека се чини дека нема преживеани во падот.

Поврзани вести