Skip to main content

Ѓорѓиевски: Од дива депонија до голем модерен парк во Сарај

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, го посетиле просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое беше дива депонија, а денес се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик.

Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај“, информира Ѓорѓиевски.

Тој додава дека исто така, наскоро ќе почне и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој децении е оставен во негрижа.

Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа. Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат. Вложуваме во секој дел од Скопје, затоа што сите наши сограѓани заслужуваат еднакви услови, уредена околина и подобар квалитет на живот.

Како што ветив, продолжуваме со изградба на паркови, зелени површини и јавни простори кои му даваат нова вредност на градот. Скопје го менуваме со дела. А, на сите нас останува обврската да го чуваме секој уреден простор како свој дом“, порачува Ѓорѓиевски.

Поврзани вести