Skip to main content

Дел од општина Центар утре без вода

Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „9 Мај“, „Костурски херои“, „Борка Талевски“, „Роза Луксембург“, „Христо Смирненски“, „Петар Поп Арсов“, „Васил Стефановски“ и булевар „Метрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок со профил од 100 милиметри на улица „9 Мај“ во Центар.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интерценцијата. 

Поврзани вести