Skip to main content

Перински: Никогаш нема да дозволам да има внатрепартиска битка за кандидат за градоначалник на Скопје

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој во јавноста се споменува како едно од главните можни имиња за кандидат ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје на претстојните локани избори, вели дека ќе инсистира, процесот за избор на кандидатот да биде транспарентен, инклузивен, со почитување на сите можни кандидати и без заткулисни игри.

Перински смета дека внатрепартискиот избор ќе се темели врз тоа што секој од можните кандиати го испорачува пред граѓаните.

Никогаш нема јас да дозволам да има внатрепартиска битка, затоа што со тие луѓе јас сум растел и сум се развивал во политичкиот живот. И, ова сега го говорам од мое гледиште и верувајте ми, така ќе биде и до крај на овој процес. Самата партија, врз основа на анкетите, врз основа на задоволството на граѓаните од оние перформанси кои ние ги испорачуваме како јавни функционери, ќе донесе одлука кој ќе биде потенцијален кандидат“, истакнува Перински.

Тој додава дека подржува широка расправа во партијата за да се избере кандидат што ќе ја добие целокупната поддршка.

Ги повикувам и сите останати коишто функционираат на територија на град Скопје, а се наши членови кои активно се вклучени во политичкиот живот, да пројават интерес за оваа позиција, бидејќи на тој начин ќе стимулираме квалитет. Ниту јас, ниту колегата којшто го споменавте, ниту па, било кој друг, има право да монополизира еден ваков процес.
Значи, овој процес на селекција на потенцијален кандидат за градоначалничкото столче, треба да биде отворен, инклузивен и на база на податоци“,
порачува Перински.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom