
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска (4 јуни) без електрична енергија ќе останат корисници во општините Бутел и Карпош.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус 3 во општина Бутел.
Од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците на улицата „Франце Прешер“, во близина на објектот број 141, во општина Карпош.
Во периодот од 12:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од булеварот „Босна и Херцеговина“ и улицата „Боро Менков“ во општина Бутел.
Од ЕВН апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите активности за време на најавените прекини.

Македонски


