Skip to main content

Заменик претседателката на СДСМ добила повеќе од еден милион долари oд УСАИД во периодот на Шарената револуција

Фани Каранфиловска Пановска како извршна директорка на Фондацијата отворено општество во 2016 година добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191546 американски долари.

Документот до кој дојде „Република“ покажува дека паерите се добиени на 1.10 2016 година а требало да бидат потрошени до 15 .8 2021 година.

Клучното прашање е зошто. За волку голема сума на странска помош не е наведено за која цел ќе се користат. Навистина е чудно и може да се претпоставува за што би се користеле овие средства.

Прво, симмтоматично е времето на доделувањето на парите, а тоа е крајот на 2016 година. Тоа е период еден месец пред одржувањето на парламентарните избори кога Шарената револуција имаше најголем замав и директно влијаеше на исходот на изборите на кои СДСМ не победи но сепак ја формираше владата со големо влијание на странскиот и невладините организации кај нас и САД.

Водечка улога кај нас имаше токму Институтот Отворено општество попознат како „Сорос“ и УСАИД преку негово финасирање.

Сегашната заменик претседателка на СДСМ треба да објасни како токму нејзината организација добила странска помош. И најважното: Kаде се парите?

Поврзани вести