Skip to main content

Во Скопје и во Куманово во тек се претреси поради „злоупотреба на службена должност“

Поради сомневање за кривично дело „злоупотреба на службена должност“ МВР во координација со ОЈО Скопје спроведува акции со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност, потврди ја од Јавното обвинителство.

Оттаму најавија повеќе информации по завршување на акцијата.

Поврзани вести